Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести во Подгорица против новата власт

(Видео) Протести во Подгорица против новата власт

На улиците на Подгорица се собраа граѓани, кои носат црногорски државни знамиња, а главно место на собирот е Плоштадот на независноста.

https://www.youtube.com/watch?v=wyfPAt7q25Q

Собирот започна во 19 часот, а го најавија, како што се нарекуваат, црногорските патриотски организации, без наведување на имиња или конкретни организации кои стојат зад собирот.

Повикот за митингот, се појави на социјалните мрежи пред неколку дена, а следува по минатонеделниот поразот на ДПС на Ѓукановиќ на парламентарните избори. Во поканата, под знамето на Црна Гора, стои: „Црна Гора те повикува, немаш изговор“.

На протестот забележливо е полициско присуство. Голем број од насобраните луѓе се во локалите во Негошева улица.

Од Управата на полицијата не соопштија дали собирот во Подгорица е пријавен, како и тоа дали е одобрен и кој го пријавил.

Протестот се одржува и покрај забраната за собири, поради епидемијата на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија