Специјалниот претставник на американскиот претседател за преговори меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел му одговори на портпаролот на поранешниот претседател Бил Клинтон, за договорот потпишан во Белата куќа, помеѓу Белград и Приштина.
Џо Локарт на Твитер напиша дека потпишаниот договор е погрешно претставен и дека затоа немал внимание од медиумите.
„ Тоа е затоа што сите погрешно го претставувате и никој не ви верува“ Локарт напиша на Твитер.
Гренел одговори дека е очигледно дека Локарт сака продолжување на конфликтот.
Bill Clinton’s White House spokesman is mad that Kosovo & Serbia agreed to economic normalization steps. He clearly wants continued conflict.
Why were they ignored for so long by Washington?
The Trump Administration will continue to make Serbia & Kosovo a top priority. https://t.co/zutx1DPAFB
— Richard Grenell (@RichardGrenell) September 6, 2020
„ Портпаролот на Белата куќа, на Бил клинтон, е лут зошто Косово и Србија се договорија за чекорите за економска нормализација. Очигледно сака продолжување на конфликтот“ порача Гренел.
Тој додал дека решавањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е во врвот на приоритетите на администрацијата на Доналд Трамп.