Утрински Весник
Свет

Харадинај: Очекувам признавање од Ватикан

Харадинај, сепак, го поддржа договорот со Србија

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека Косово направило голем чекор напред со договорот во Вашингтон.

Исто така нагласил дека се надева дека по взаемното признавање со Израел, и Ватикан ќе ги признае приштинските институции, пренесува КоССев.

Харадинај наведе и дека очекува ЕУ да покаже иста посветеност и сериозност, за да се олесни процесот на признавање на Косово од државите членки на Унијата.

„Нашите молитви се исто така упатени до папата Франциск, со надеж дека наскоро Светата столица ќе го признае Косово како независна и суверена држава“ изјави Харадинај.

Со договорот што го потпишаа Србија и косово во Белата куќа двете страни се обврзаа, меѓу останатото, Косово нема да бара членство во меѓународни организации во рок од една година, додека Србија во истиот период нема да испраќа барања до држави или меѓународни организации да не го признаваат Косово, како и ќе ја прекине кампањата за повлекување на признавањата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“