Утрински Весник
Македонија

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале над 45 килограми дрога

Уапсени двајца дебарчани во чиј „голф“ била пронајдена вреќа со марихуана

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради сомневање дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Првоосомничениот заради продажба организирал неовластено пренесување, а второ и третоосомничениот пренесувале хашиш во количина од 14.472,8 грама спакуван во една најлонска вреќа и марихуана во количина од 31.147,4 грама спакувана во три најлонски вреќи.

Откако претходно првоосомничениот ја набавил дрогата од непознато лице, му кажал на второосомничениот од каде да ја подигне за да ја пренесе до местото Песјо Брдце во Прилеп, каде што требало да се изврши продажбата.

На четврти септември второосомничениот заедно со третоосомничениот ја подигнале дрогата и ја ставиле во возило, по што околу 20:30 часот пристигнале на договореното место.

Третоосомничениот ги извадил четирите вреќи со дрога и ги ставил покрај патот, а второосомничениот се упатил кон комбе кое претходно било паркирано, а во кое сметал дека се наоѓа купувачот на дрогата, при што бил пресретнат и фатен од страна на полицијата.

На осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Клековски: За само една година два пати ја проширивме позитивната листа на лекови, тоа значи реална заштеда на граѓаните

Мицкоски: Граѓаните го препознаваат новиот пристап на работење, дека не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, отчетност и еднаквос

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто