Утрински Весник
Македонија

Татко и синови од Арачиново и двајца неготинци уапсени поради криумчарење и продажба на кокаин

Татко и синови од Арачиново и двајца неготинци уапсени поради криумчарење и продажба на кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за специјални операции вчера уапсиле пет лица, припадници на криминална група за набавка и дистрибуција на кокаин на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесена е кривична пријава против Х.А. (49), Ф.А. (22), Ф.А. (24) сите од општина Арачиново, Р.Г. (27) и П.С. (29), двајцата од Неготино, за сторени кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од досега спроведената истрага утврдено е дека Ф.А. и Ф. А. (браќа) и нивниот татко Х.А. подолг временски период вршеле набавка и продажба на наркотична дрога кокаин по цена од 3.000-5.000 денари за еден грам на лица во повеќе градови низ државата и тоа во Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци и Велес, преку организирана мрежа на препродавачи и посредници“, рече Ангеловски.

Криминалната група по извршената набавка, во својот дом вршела препакување на кокаинот за понатамошна продажба, а била координирана од таткото на семјството од Арачиново.

„За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се материјални докази и документирани се претходни купопродажби на кокаин. По претходно изготвен план и по Наредба од судија на претходна постапка, на 5 септември преземени се повеќе оперативно тактички мерки и активности и петте лица се лишени од слобода, а извршени се и претреси при што се пронајдени предмети поврзани со истрагата. Лицата лишени од слобода денеска ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, соопшти Ангеловски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат