Утрински Весник
Свет

Медицинската сестра која стана симбол на борбата против вирусот, се појави на црвениот тепих во Венеција

Медицинската сестра која стана симбол на борбата против вирусот, се појави на црвениот тепих во Венеција

Медицинска сестра од болницата во Милано, чие лице стана симбол на борбата против Ковид-19, Алесија Бонари, беше прогласена за личност на годината и доби награда на филмскиот фестивал во Венеција.

На фотографијата која младата медицинска сестра (23 години) ја објави во март, во екот на пандемијата на коронавирусот, се гледаше лице нејзиното лице со модринки од долгото носење на заштитна маска по маратонската смена во болницата каде лекуваше пациенти заразени со коронавирус.

На некој начин оваа фотографија стана симбол за пожртвуваноста на здравствените работници во борбата со вирусот.

Под фотографијата, таа напиша: „Ги замолувам сите што ќе го прочитаат ова да не ги уништат нашите напори, да бидат алтруисти и да останат дома за да ги заштитат најслабите“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот