Поранешниот косовски премиер и претседател на Сојузот за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, очекува Европската унија да ја покаже истата посветеност и сериозност какви што покажале САД со договорот од Вашингтон.
Тој рече дека Косово направило голем чекор напред со договорот во Вашингтон и признавањето што го доби од Израел.
Неделава беше потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина во Белата куќа.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред состанокот со претставниците на двете земји, соопшти дека Србија се согласила да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, а дека Косово и Израел се договориле да ги нормализираат односите и да воспостават дипломатски врски.
Харадинај претходно се закани дека ќе ја напушти владејачката коалиција поради несогласувања со некои точки доколку биде потпишан договорот, но подоцна го поддржа истиот.