Утрински Весник
Свет

Индиja и Kинa за првпат на разговори поради тензиите на границата

Индиja и Kинa за првпат на разговори поради тензиите на границата

Министрите за одбрана на Индија и Кина се состанаа во Москва во обид да ги решат зголемените тензии долж нивната спорна граница во источниот регион Ладак.

Ниту една страна не соопшти детали за вчерашната средба меѓу Реинат Синг и кинескиот генерал Веи Фенге. Тоа беше прв состанок одржан на највисоко политичко ниво откако избувнаа тензии пред неколку месеци на спорната граница.

Министрите се состанаа на маргините на состанокот на шефовите на одбраната на Шангајската организација за соработка каде се Кина, Индија, Пакистан, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

„ Ниту еден сантиметар кинеска територија не може да се изгуби“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

По средбата со кинескиот министер, индискиот министер на Твитер објави дека состанокот траел нешто повеќе од два часа, без да открие повеќе детали.

Спорната граница од 3.500 километри меѓу двете најнаселени држави во светот се протега од регионот Ладак на север до индиската држава Сиким. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за провокативно однесување, вклучително и преминување на територијата на другата оваа недела, и обете ветија дека ќе го заштитат својот територијален интегритет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски воен блогер осуден на 6 и пол години затвор

Египет упати апел до авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили во правец на Курск