Утрински Весник
Свет

Бугарска министерка: Оставката на Борисов не е на дневен ред

Бугарска министерка: Оставката на Борисов не е на дневен ред

Бугарската министерка за социјални работи, Деница Сачева во изјава за БТВ, рече дека прашањето за оставка на премиерот Бојко Борисов не е на дневен ред.

„ Сите опции се дискутираат, но ние мора да бидеме водени од друга цел“ одговори Сачева на прашањето дали се разговара за експертски кабинет.

„ Основната работа не треба да биде оставка, туку она што е корисно за секого – дебата за промени во Уставот, изборен законик што гарантира демократски избори, ажурирање на буџетот“, додаде Сачева.

Денеска ќе бидат одржани 59-ти по ред протести во Бугарија со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација