Утрински Весник
Свет

Гренел: Србија и Косово не потпишаа договор со САД, ние не сме потписници

Гренел: Србија и Косово не потпишаа договор со САД, ние не сме потписници

САД не се страна во договорот меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските односи, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.

Со тоа Гренел ја демантираше вечерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија и Косово потпишаа билатерални договори со САД за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

„ Тие потпишаа договор да работат заедно, тие не потпишаа со САД. Ние не сме потписници“, изјави Гренел на прес-конференција во Вашингтон.

Тој додаде дека „нема ни да се обиде да разјасни што мислел претседателот Вучиќ кога им се обратил на српските медиуми“.

„ Она што (Вучиќ) го рече во салата за состаноци е дека ова е историски договор што ќе придонесе за нормализирање на регионот. Тој зборуваше за мини-Шенген зоната“, изјави Гренел.

На прашањето дали Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти потпишале меѓисебен договор, Гренел рече дека „потпишале договор дека ќе работат заедно за нормализирање на економските и трговските односи“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си