Утрински Весник
Спорт

Борко мајсторе! Вардар во нова борба за СЕХА титула по пенал-драмата

Борко мајсторе! Вардар во нова борба за СЕХА титула по пенал-драмата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Новиот“ Вардар ја продолжи традицијата да приредува натпревари за срцев напад за своите фанови, откако „црвено-црните“ успеаја да се вратат од пет негатива во второто полувреме за по 26:26 ремито на пенали да го победат ППД Вардар благодарение на фантастичната одбрана на Борко Ристовски.

„Црвено-црната“ чета на Стевче Алушовски во првото полувреме играше речиси израмнето со „плинарите“, пред предноста направена на крајот на полувремето и на стартот на второто полувреме беше преголема за да се стигне.

По 9:9 по 18 минути игра, Загреб ја презеде контролата и направи три гола предност по пола часа игра. По само 10 минути во второто полувреме, хрватскиот клуб веќе имаше пет гола предност (20:15), но „црвено-црните“ не се откажаа откако успеаја да се вратат на гол негатива (23:24) на четири минути пред крајот, за во неверојатна завршница да се вратат за 26:26. По ова следуваше изведувањето на пенали, и само Ристовски успеа да го одбрани маестрално ударот на Владо Матановиќ.

Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер имаа по пет гола за Вардар, а Анте Гаџа стигна до четири гола, додека кај Загреб Давид Мандиќ беше убедливо најдобар со седум голови.

Во финалето Вардар ги чека унгарскиот фаворит Веспрем, кој го совлада Мешков Брест во првото полуфинале.

Фото: СЕХА лига

> Борко мајсторе! Вардар во нова борба за СЕХА титула по пенал-драмата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини