Утрински Весник
Свет

Србија ја преместува амбасадата во Ерусалим, Косово ќе воспостави дипломатски осноси со Израел

Србија ја преместува амбасадата во Ерусалим, Косово ќе воспостави дипломатски осноси со Израел
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред состанокот со претставниците на Србија и Косово, во Белата куќа, соопшти дека Србија се согласила да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, а дека Косово и Израел се договориле да ги нормализираат односите и да воспостават дипломатски врски.

Веднаш откако беше објавена оваа вест, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, му се заблагодари на српскиот премиер, Александар Вучиќ, на одлуката Ерусалим да биде признаен како главен град на Израел и за преместување на српската амбасада во овој град.

„Ќе продолжиме со напорите и други европски земји да ги преселат своите амбасади во Ерусалим“, рекол Нетанјаху и додал дека Израел и Косово, исто така, ќе воспостават дипломатски односи.

Од 158 држави кои имаат дипломатски односи со Израел, само две ги преместија своите амбасади во Ерусалим, а тоа се САД и Гватемала.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа