Утрински Весник
Магазин

Џерард Батлер на соло прошетка во Западен Холивуд

Џерард Батлер на соло прошетка во Западен Холивуд
Dik 300x250 mk

Веста дека Џерард Батлер не е повеќе во врска со долгогодишната партнерка, дизајнерката Морган Браун, се појави во јавноста пред две недели. Магазинот „Пипл“ ја потрди веста за распадот на популарната холивудската двојка по шест години поминати заедно.

А, во четвртокот  Шкотланѓанецот, ѕвездата на „300“, беше забележан сам во квартот Западен Холивуд во Лос Анџелес.

Актерот веднаш стави заштитна маска кога излезе од својот џип, што е во согласност со здравствените протоколи среде пандемија на Ковид-19.

Батлер треба да глуми во акциониот трилер „Копшоп“, заедно со Френк Грило, како што објавија неколку публикации, вклучувајќи го и порталот „Дедлајн“.Во филмот една полициска станица во мал град станува бојно поле помеѓу професионален убиец (Батлер), паметна полицајка, и измамник (Грило) – поранешен затвореник кој бара засолниште зад решетки, бидејќи нема каде да побегне.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци