Утрински Весник
Свет

(Видео) Возач влетал во толпа демонстранти на Тајмс сквер во Њујорк

(Видео) Возач влетал во толпа демонстранти на Тајмс сквер во Њујорк
Dik 300x250 mk

Автомобил влетал на толпата демонстранти на Тајмс сквер кои демонстрирале против полициската бруталност во четвртокот, покажуваат снимките на социјалните мрежи, пренесува „Њујорк пост“.

Десетици демонстранти биле собрани на „раскрсницата на светот“ извикувајќи „Нема правда, нема мир“, нешто по 20 часот кога автомобилот се приближил и повеќепати свирел кон толпата, покажува видеото објавено на Твитер.

Најмалку двајца демонстранти со велосипеди застанале пред возилото, за кое се чини дека е „форд таурус“, обидувајќи се да го спречат да помине додека толпата ја минувале улицата. Возачот на автомобилот првично застанал за момент, но потоа одеднаш стиснал на гаста и се залетал, тргнувајќи низ развресканите демонстранти.

Не е јасно дали има повредени. Полицијата немаше информации за инцидентот, но во изјава на Твитер ги демантираше шпекулациите дека возилото било полициски автомобил.

„Во тек е истрага за инцидент на Тајмс сквер со црн автомобил ‘таурус’. Ова возило НЕ е возило на њујоршката полиција“, напишаа тие.

По конфронтацијата, демонстрантите се прегрупирале и продолжиле да маршираат низ улиците на Менхетен.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија