Претседателите на САД и Србија, Доналд Трамп и Александар Вучиќ, ќе се сретнат попладнево, во 17 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на американската амбасада во Белград.
Според агендата на американскиот претседател, Доналд Трамп ќе ги прими Вучиќ и Авдулах Хоти зад затворени врати во Овалната соба, а потоа ќе присуствува на церемонијата на потпишување во Рузвелтовата соба, додека трилатералната средба ќе се одржи повторно во Овалната соба, со ограничен број новинари.
По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти ќе се состанат индивидуално со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.
Во соопштението на Белата куќа, издадено доцна во четвртокот, по локално време според Вашингтон, не беше наведено што ќе биде потпишано, дали станува збор за договор или што ќе содржи договорот, објави „Гласот на Америка“.