Утрински Весник
Македонија

Апелација му ја потврди тригодишната затворска казна на Кичеец за „Рекет“

Апелација му ја потврди тригодишната затворска казна на Кичеец за „Рекет“
Dik 300x250 mk

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески во случајот „Рекет“ на начин што ја потврди првостепената пресуда за тригодишна затворска казна, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

„ Апелацискиот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 8/20, во јавноста познат како „Рекет“, по одржана јавна седница на ден 02.09.2020 година, донесе пресуда со која жалбите на обвинетиот Зоран Милески од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување“, соопштија од Апелацискиот суд.

Вака донесената одлука, како што велат од Судот, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Костадинов за МТВ: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Кумановка дала 2000 евра за патување – останала дома и без пари

Прегазена малолетничка во Скопје, возачот на автомобилот побегнал