Утрински Весник
Свет

(Видео) Нови детали за убиството на петте деца, преживеаното момче испратило порака: „Сите се мртви“

(Видео) Нови детали за убиството на петте деца, преживеаното момче испратило порака: „Сите се мртви“

Германската полиција вчера пронајде тела на пет деца во зграда во Солинген, град во западна Германија.

Имено, 27-годишна мајка отрула пет од своите шест деца пред да се обиде да си го одземе животот фрлајќи се под воз.

Шестото и најстаро дете, единаесетгодишен син, е живо и безбедно и за него се грижат роднини.

Преживеаното момче Марсел му испратило порака на својот најдобар пријател Макс по ужасното злосторство, пренесува РТЛ.

Новинарите на РТЛ разговарале со Макс, кој им рекол дека никогаш не видел некој од семејството на Марсел, иако Марсел му рекол дека има повеќе браќа и сестри.
„Тој главно беше тажен“, рекол најдобриот пријател на момчето.

Марсел му испратил порака на пријателот преку „Вацап“ по ужасното злосторство. Пораката гласела: „Само сакав да ти кажам дека никогаш веќе нема да ме видиш. Моите браќа и сестри се мртви“.

Портпаролот на полицијата, Стефан Вајан, рече дека станува збор за трагична ситуација и додаде дека мајката сè уште не е во можност да биде испрашувана.

„Не знаеме како и зошто се случи ова злосторство“, изјави Вајан за ВДР.

На убиството реагираше и германскиот пратеник Јирген Хард, кој рече дека бил ужаснат кога ја слушнал веста.

„Им ја посакувам сета сила на итните служби и полицијата додека се справуваат со случајот, ова ќе има огромно влијание врз нив“, рече Хард.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд