Утрински Весник
Македонија

Затворено кафулето во „Бисер“ каде се организираше средношколска забава без заштитни мерки

Затворено кафулето во „Бисер“ каде се организираше средношколска забава без заштитни мерки

Државниот пазарен инспекторат го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, а од истата се појавија и снимки на социјалните мрежи.

„Денес беше денот за затворање по редовна процедура која мораме да ја запазиме. За разлика од вонредната состојба кога, по одлука, имавме можност веднаш да ги затвораме. Сега мораме да чекаме законски три дена. Денес истече законскиот рок и во моментов инспекторите го пломбираат локалот“, изјави Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Локалот во Аеродром во кој се организираше првосептемвриска журка без маски и дистанца, освен тоа што има забрана за работа од еден месец, добил и прекршочна пријава и од судот зависи колкава парична казна ќе му биде одредена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година