Бугарската тенисерка Цветана Пиронкова се врати по три години мајчинска пауза за да го направи досега најголемото изненадување на САД опен, елиминирајќи ја двократната гренд слем шампионка Гарбиње Мугуруза со 7:5/6:3.
Пиронкова, која во кариерата стигна и до полуфиналето на Вимблдон, го напушти тенисот во 2017 за да се породи со својот прв син Александар, пред да се врати оваа година.
„Кога ќе станеш мајка, не ја губиш магично способноста да играш тенис. Ако сакаш да го правиш тоа, не може да те сопре ништо“, вели 33-годишната Пиронкова.
Кај мажите пак, Марин Чилиќ закажа супер-дуел со Доминик Тим во третото коло. Чилиќ по точно три часа игра со 6:3/1:6/7:6/7:5 го совлада Словакот Норберт Гомбос, додека Тим немаше проблеми со Индиецот Сумит Нагал стигнувајќи до експресна 6:3/6:3/6:2 победа.
> Пиронкова се врати по три години мајчинска пауза за да ја „здроби“ Мугуруза <