Утрински Весник
Спорт

Диего Коста и Аријас позитивни на КОВИД-19

Диего Коста и Аријас позитивни на КОВИД-19

Диего Коста и Сантијаго Аријас имале позитивни тестови на корона вирус и ќе бидат во изолација, потврдија од Атлетико Мадрид.

Сите во Атлетико Мадрид беа на тестирање пред стартот на тренинзите за новата сезона утре во седиштетот на клубот во Махадахонда, но Коста и Аријас не беа дел од тимот бидејќи се заразиле со КОВИД-19 додека биле на летниот одмор.

„Денеска сите членови на првиот тим ги поминаа првите тестови според протоколот. Отсуствуваа тие кои се со своите репрезентации, како и Диего Коста и Сантијаго Аријас, кои имаа позитивни тестови на своите одмори надвор од Мадрид. Двајцата немаат симптоми и се во карантин и ги почитуваат потребните протоколи“, објавија од клубот.

Аријас, кој беше поврзуван со трансфер во Евертон, дел од одморот го помина на островот Ибица, каде што се зарази и триото на Пари Сен-Жермен, Нејмар, Анхел ди Марија и Леандро Паредес.

> Диего Коста и Аријас позитивни на КОВИД-19 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари