Утрински Весник
Свет

Еден месец по експлозијата во Бејрут забележани знаци на живот под урнатините

Еден месец по експлозијата во Бејрут забележани знаци на живот под урнатините
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден месец по страотната експлозија во Бејрут, либанските спасувачи, пребарувајќи ги урнатините во една станбена област, воочиле знаци на живот под еден ѕид. Ова го изјавил еден од спасувачите, Еди Битар.

„ Овие ( знаци на дишење и пулс) заедно со сензорот за температура укажуваат на тоа дека постои можност дека некој е жив“ рекол Битар.

Државните медиуми претходно пренесоа дека спасувачки тим, со куче за спасување, воочил движење под урнатините на една зграда во областа Гемајзе во Бејрут, една од најтешко погодените области.

Во експлозијата во главниот град на Либан, што се случи на 4 август, загинаа околу 180 луѓе, додека околу 6 илјади се повредени.

Засега се уште не се знае што го предизвика пожарот кој запали речиси 3 илјади тони амониум-нитрат во магацин во пристаништето во Бејрут.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични