Утрински Весник
Спорт

Нури заплакал кога слушнал дека Ван де Бек ќе го носи неговиот број

Нури заплакал кога слушнал дека Ван де Бек ќе го носи неговиот број

Абделхак „Апи“ Нури заплакал од среќа кога дознал дека Дони ван де Бек го избрал бројот 34 во Манчестер јунајтед во негова чест, открива неговиот татко Мохамед Нури.

23-годишниот Нури доби сериозни оштетувања на мозокот по срцевиот напад на пријателски меч на Ајакс во 2017 година, по што помина две години во кома. Тој уште е во сериозна состојба и не може да комуницира вербално со неговото семејство. Неговиот татко, Мохамед за „НОС“ открива како тој реагирал по повикот на Ван де Бек, кој му беше еден од пријателите од детството.

„Ми се јави Дони. Ме праша дали е во ред да игра со бројот 34 и јас му кажав секако. Треба да си горд на тоа, бидејќи се работи за убав гест, нешто што многу ни значи. Очите на Апи одеднаш изгледаа многу остро. На образите имаше солзи од среќа и беше емотивно потресен кога го чу Дони. Дони ни е како син. Сите во нашиот дом беа емотивни и среќни за убавиот трансфер на Дони“, вели Мохамед Нури.

Ван де Бек ќе го носи дресот со број 34 за својот пријател Нури

> Нури заплакал кога слушнал дека Ван де Бек ќе го носи неговиот број <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен