Утрински Весник
Свет

На Вучиќ му е врачен документ со кој Србија треба да го признае Косово?

Србија е подготвена за „конструктивни разговори“ со Косово

На почетокот на состанокот во Белата куќа, на српскиот претседател Александар Вучиќ му бил врачен документ со кој Србија денеска треба да го признае Косово, неофицијално дознава Б92.

„Се е подготвено унапред, Албанците се знаеле“ вели извор за „Блиц“ од дипломатски кругови во Вашингтон.

Вучиќ пред почетокот на разговорите со претставниците на Приштина во Белата куќа, од Вашингтон порача дека ќе даде се од себе за да се постигне компромис за важни економски прашања, а на албанските претставници од Косово и Метохија, кои зборуваат за признавање на Косово, им порача дека „предавањето не е опција“.

Тој нагласи дека нема да биде лесен состанокот за Србија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Медведев: Европјаните ќе се фатат за рака и ќе го напуштат Гренланд

Трамп тврди дека Зеленски, а не Путин, го блокира мировниот договор за Украина

Германија и Франција ќе испратат војници во Гренланд