Утрински Весник
Свет

Во Јапонија измерена досега највисоката температура во септември

Во Јапонија измерена досега највисоката температура во септември

Во централниот јапонски град Санџо денеска е регистрирана температура од 40,4 Целзиусови степени, што е национален рекорд за септември.

Јапонската агенција за метеорологија соопшти дека високите температури во префектурата Нигата можеби ги донел ветрот Фоен, сув ветер кој повремено се спушта по должината на подножјето на планините, објави „Кјодо“.

Агенцијата исто така соопшти дека топол воздух од Источнокинеското Море дувал кон тајфунот Маисак, кој се движел кон север над Јапонското Море.

Ова е првпат температурата на воздухот во Јапонија да надмине 40 Целзиусови степени во септември.

Претходниот рекорд од 39,7 степени беше поставен во Кумагаи, префектурата Саитама, во близина на Токио на 2 септември 2000 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот