Утрински Весник
Свет

Пожар на танкер кај Шри Ланка, во океанот може да се излеат 270 илјади тони нафта

Пожар на танкер кај Шри Ланка, во океанот може да се излеат 270 илјади тони нафта

Околу 270.000 тони нафта би можеле да се излеат во океанот откако кај југоисточниот брег на Шри Ланка, избувна пожар на танкер за нафта регистриран во Панама, изјави за агенцијата ДПА воен претставник од Шри Ланка.

Пожарот бил предизвикан од експлозија во делот каде што е сместен моторот на бродот, во четвртокот наутро по локално време, а попладне сè уште не бил ставен под контрола, изјави портпаролот на морнарицата.

„МВ Дајамонд“ пловел на релација од Кувајт до Индија кога се случила експлозијата и избувнал пожарот, додаде портпаролот.

На бродот имало 23 члена на екипажот, од кои 22 се спасени, а има најмалку двајца повредени.

Се претпоставува дека исчезнатиот член на екипажот починал во просторијата каде што избувнал пожарот, изјави портпаролот.

Шри Ланка испрати три поморски бродови и хеликоптер за помош.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон: Доколку суверенитетот на сојузниците биде загрозен, последиците би биле без преседан

Лавров: САД го уништуваат светот

Русија уапси лекари поради смртта на девет бебиња во породилиште