Утрински Весник
Спорт

Договорен трансферот на Хаверц – Челси го урнаа клупскиот рекорд

Договорен трансферот на Хаверц – Челси го урнаа клупскиот рекорд

Челси и Барр Леверкузен го договориле трансферот на Каи Хаверц. 20 годишникот ќе стане најскапиот играч во историјата на Челси објави „Скај Спорт Германија“.

Трансферот на Хаверц ќе изнесува 100 милиони евра. Според овој извор Челси ќе платат 80.000.000 во кеш, а останатите 20.000.000 евра во касата на Леверкузен ќе се слеат низ разни бонуси.

Хаверц најпрвин треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе го потпише договорот со Челси.

Трансферот ќе биде заклучен по репрезентативната пауза, кога Хаверц ќе заврши со обврските кои ги има во репрезентацијата на Германија.

> Договорен трансферот на Хаверц – Челси го урнаа клупскиот рекорд <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал