Утрински Весник
Свет

Премиерот на Белорусија е првиот висок функционер што ќе ја прими руската вакцина

Премиерот на Белорусија е првиот висок функционер што ќе ја прими руската вакцина

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко донесе одлука да ја прими руската вакцина против коронавирусот.

„Мило ми е што господин Головченко донесе одлука да ја прими вакцината денес. Сигурен сум дека сè ќе биде во ред“, рече рускиот премиер Михаил Мишустин на средбата со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Мишустин потврди дека Белорусија ќе биде првата земја на која Русија ќе и достави вакцина против коронавирусот.

Денес во Минск пристигна голема делегација на руската влада предводена од премиерот Михаил Мишустин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја