Утрински Весник
Македонија

Угостителите на средба со Пендаровски: „Годинава приходите ќе бидат намалени за две третини“

Угостителите на средба со Пендаровски: „Годинава приходите ќе бидат намалени за две третини“

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Незавинсната угостителска комора (НУК), која во себе обединува 67 угостителски субјекти од државата.

На средбата претставниците на НУК ги претставиле предизвиците со кои угостителскиот сектор се соочува во работата во услови на пандемија од Ковид-19, како и нивната вклученост во насока на креирање, предлагање и реализирање на мерки и активности со цел справување со последиците од пандемијата.

Укажувајќи на актуелните состојби во угостителскиот сектор, претставниците на НУК пред претседателот Пендаровски ги претставиле проценките дека приходите во оваа индустрија годинава ќе бидат намалени за две третини во споредба со претходно.

Претставниците на НУК го информирале Пендаровски и за плановите за организирање на регионална конференција на угостители од Балканот, кон крајот на септември во Скопје, на која е предвидено да се разговара за начините и можностите за функционирање на угостителската индустрија во пресрет на вториот бран на пандемијата, која според нив, е една од најпогодените од почетокот на кризата.

Претседателот изразил очекување за изнаоѓање на начини и модалитети за унапредување на работата на засегнатите субјекти во овој сектор, преку стриктно почитување на здравствените протоколи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор