Утрински Весник
Македонија

Скопјанец под истрага за трговија со хашиш во Куманово

Скопјанец под истрага за трговија со хашиш во Куманово

Кумановското основно јавно обвинителство ќе започне истражна постапка против 45- годишник од Скопје, за кој постои сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село Никуштак-Куманово, неовластено заради продажба држел хашиш. Тој на наведената локација застанал и излегол од својот автомобил, а во рака држел две најлонски пакувања во кои имало хашиш со тежина од 306,24 грама.

Во тој момент бил затекнат од полициски службеници кои извршиле преглед и ја пронашле и ја заплениле дрогата.

Судот на осомничениот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерот за дигитална трансформација Андоновски ќе учествува на Парискиот сајбер самит

ВЛЕН: Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда, нека каже зошто правосудниот испит остана заглавен?!

Почетокот на јуни ни носи попладневна нестабилност и локално невреме