Утрински Весник
Свет

Курти: Гренел врши притисок врз Косово и сака брзо решение со Белград

Курти: Гренел врши притисок врз Косово и сака брзо решение со Белград

Лидерот на „Самоопределување“ и поранешен косовски премиер Албин Курти вели дека специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, врши голем притисок на Косово и сака брзо решение за Белград и Приштина.

Курти, во изјава за виенскиот весник „Стандард“, ги критикувал досегашните иницијативи на Гренел и го обвинил за еднострано однесување, односно дека сè повеќе барања има за Приштина, и дека немал повеќе барања кон Белград.

Курти навел и дека делегацијата во Приштина која е во САД нема ниту легитимитет, ниту овластување од Парламентот.

„Кога се работи за историски важна тема не е можно без дискусија во парламентот да се отпатува на преговори“, рекол тој.

Курти кажал дека не верува дека на утрешниот состанок меѓу лидерите на Косово и Србија во Белата куќа ќе биде донесен некаков одржлив резултат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда