Утрински Весник
Македонија

Царовска: 100 години Филозофски факултет e јубилеј што го покажува огромниот научен потенцијал

Царовска: 100 години Филозофски факултет e јубилеј што го покажува огромниот научен потенцијал

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на официјалното отворање на Меѓународната конференција по повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, што се одржува во Струга, преку онлајн обраќање рече дека одбележувањето на овој исклучително значаен јубилеј за високото образование и наука во нашата држава говори за долгогодишната традиција и огромниот научен потенцијал во доменот на хуманистичките и општествените науки што го има нашата држава.

„Плејадата на млади умови, студенти, истражувачи, професори кои низ годините се создадени како кадар кој произлегол од Филозофскиот факултет го граделе и ден денес го градат нашето општество низ неговите клучни гранки: културата, науката, образованиот, социјалниот, безбедносниот систем. Исходите од влијанијата на кадрите и научниот придонес кој произлегува од Филозофскиот факултет е доказ дека без високото образование не може да функционира ниту една друга инстанца во општеството. Развојот и тоа особено инклузивниот и одржливиот развој на општеството е несомнено поврзан со она за што Филозофскиот факултет се залага преку своите стратешки научно-наставни програми“, посочи Царовска.

Конференцијата носи наслов „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“. Министерката Царовска укажа дека преку насловната тема го гледаме севкупниот стремеж на факултетот – нe наука само заради наука, туку наука заради подобро општество за сите.

Обраќајќи им се на учесниците на Конференцијата, министерката Царовска побара од научните работници од високото образование придонес во креирањето на идните насоки и мерки и учество во подобрувањето на инклузивниот пристап до високото образование, така што никој нема да биде изоставен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром

МВР со детали: Обезбедувањето на Гаши се заканувало на вработени во ТАВ и турнал полицаец