Утрински Весник
Магазин

Двејн Џонсон и семејството се опоравиле од Ковид-19

Dwayne ‘the Rock Johnson Dethrones Cristiano Ronaldo Kylie Jenner As

 

Холивудскиот актер Двејн „Рок“ Џонсон во видео порака објавена на социјалните мрежи во средата рече дека тој, неговата сопруга и нивните две мали деца биле позитивни на Ковид-19 во последните неколку недели, но дека сите се опоравиле и дека се здрави.

48-годишниот актер, поранешен професионален борач познат по прекарот „Карпа“ (The Rock), во објавата на Инстаграм вели дека тој и  сопругата Лорен (35) и ќерките Џасмин (4) и Тијана (2) се заразиле со вирусот пред околу две недели од многу блиски семејни пријатели.

„Можам да ви кажам дека ова беше една најтешките работи што некогаш сме морале да ги издржиме како семејство, и за мене лично“, рече тој во видеото.

„Сите дома бевме неверојатно дисциплинирани во однос на почитувањето на безбедносните мерки за да се избегне ширење на вирусот.“

„Ќерките малку ги болеше грлото првите неколку дена и тоа помина , а јас и сопругата поминавме малку потешко. „Но, среќен сум да ви кажам дека сега сите сме добри. „Веќе не сме заразни и, благодарам на Бога, здрави сме,“ рече тој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен

Глумците повторно во штрајк поради ВИ

Овие хороскопски знаци често запаѓаат во токсични врски