Утрински Весник
Спорт

И по состанокот со таткото на Меси, Барса не „попушта“

И по состанокот со таткото на Меси, Барса не „попушта“

Попладнево во канцелариите на Барселона имаше интересен состанок на претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу и таткото и агент на Лионел Меси, Хорхе Меси, по кој според шпанските медиуми ништо не се менува – Меси уште планира да замине од клубот, а Барса тврди дека тоа е невозможно да се случи.

На состанокот покрај Бартомеу и Меси сениор присуствувал и директорот на Барса, Хавиер Бордас, како и братот на Меси, Родриго, кој му е советник на фудбалерот. Од Барселона остануваат на своето – тие нема да преговараат за негова продажба, клаузулата за предвремен раскин на договорот не е валидна и Меси мора да се врати на тренинзи. Бартомеу посочил дека Меси останува клучен човек во спортскиот проект на клубот и уште има валиден договор.

Со други зборови, двочасовниот состанок не донел никаков заклучок и двете страни остануваат на своите претходно објавени ставови, што може да донесе до „ескалирање“ на ситуацијата во каталонскиот клуб доколку Меси не се врати на тренинзи и почне легалната битка, која сигурно нема да биде корисна ниту за Меси, ниту за Барселона.

> И по состанокот со таткото на Меси, Барса не „попушта“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига