Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Уривањето на дивоградбата кај Мавровка потврдува дека сите се еднакви пред законот

СДСМ: Уривањето на дивоградбата кај Мавровка потврдува дека сите се еднакви пред законот

Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата, само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните, дека правда во оваа држава има и ќе има и дека сите се еднакви пред законот, соопштија од партијата.

„Владата, предводена од СДСМ, веднаш по преземањето на својата функција покажува дека е посветена на градење правна држава, неселективна правда и борба против криминалот и корупцијата. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара, а Владата со своите чесни и одговорни кадри во наредните четири години посветено ќе се бори за правна држава и неселективна правда“, велат од СДСМ.

На ВМРО-ДПМНЕ кој 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, додаваат од СДСМ, ѝ пречи правната држава и веднаш негативно реагира, кога во државата се спроведуваат законите.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со поразот на изборите и без компас продолжува по старо, со деструктивност, популизам и лаги“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт