Утрински Весник
Свет

(Видео) Сплит блокиран – осомничен за убиство избегал од суд со лисици на рацете

(Видео) Сплит блокиран – осомничен за убиство избегал од суд со лисици на рацете

Опасен затвореник со лисици на рацете е во бегство низ улиците на Сплит, откако им побегнал на полицајците по завршувањето на судско рочиште.

Бранимир Чалета е осомничен за убиство на својата девојка од Украина, која била во осмиот месец од бременоста. Тој се оттргнал од стражарите и почнал да трча во моментот кога го спроведувале од зградата на судот, а судските полицајци истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, пишуваат хрватските медиуми.

Потрагата по осомничениот убиец и натаму е во тек, а медиумите постојано ги објавуваат податоците за изгледот и облеката на Чалета, во надеж дека некој ќе го препознае и пријави.

Мобилизирани се комплетните полициски сили на Сплит и околните места, кои го пребаруваат делот од градот во кој затвореникот последен пат бил виден. Во потрагата се вклучени и сите полициски кучиња на сплитската полиција. Се „чешла“ улица по улица, во зависност од дојавите од граѓаните, кои постојано пристигнуваат. Полицијата е распоредена и ги контролира и сите излези од градот.

Како што изјави адвокатот на бегалецот, Хрвоје Кришто, денеска имало рочиште на кое сведочеле роднините на Чалета и на неговата убиена партнерка од Украина.

За убиството, на осомничениот му се заканува казна од 20 до 40 години затвор. Според присутни на рочиштето, Чалета денеска бил многу емотивен и изразил жалење за убиството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ги подржа демонстрантите во Иран

Шведска бара од ЕУ да го забрани извозот на луксузни производи во Русија

Четири танкери за нафта нападнати со дронови во Црното Море