Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ: Заминувам среќен

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Иван Ракитиќ се прости од Барселона и по шест години се врати во Севилја. Клубот од Андалузија за Ракитиќ ќе плати 1.500.000 евра, а Барселона ќе може да заработи дополнителни 9.000.000 доколку во наредните две години Ракитиќ со Севилја избори пласман во Лигата на шампионите.

Барселона организираше свечена церемонија и прес-конференција на која Ракитиќ се прости од клубот. Хрватот во шестте сезони стана четвртиот странец со најмногу настапи во историјата на клубот.

„Имав голема чест да го носам овој дрес. Заминувам среќен. Благодарен сум им на тројцата тренери. Луис Енрике ми овозможи да дојдам во Барселона, а уживав да играм за Ернесто Валверде и Кике Сетиен. Од соиграчите морам да ги издвојам Чави и Иниеста. Годината со Чави беше исклучително важна за мене, а Иниеста потоа ми стана еден од најдобрите пријатели“, рекол Ракитиќ.

Ракитиќ за Барселона одигра 310 натпревари, постигнал 36 голови и забележал 36 асистенции. Со клубот освоил 13 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2015 година. Во финалето Барселона го победи Јувентус со 3:1, а првиот гол го постигна Ракитиќ.

> Ракитиќ: Заминувам среќен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари