Утрински Весник
Магазин

Кајли Џенер изрази благодарност до фановите за поддршката за новата мејкап-колекција 

Кајли Џенер изрази благодарност до фановите за поддршката за новата мејкап-колекција 

Во морнарска облека што асоцира на називот на нејзината најнова колекција шминки „Морнар“, Кајли Џенер им се заблагодари на своите 193 милиони следачи на Инстаграм за поддршката за нејзиниот бренд за убавина.

Фотографиите ги објави една недела по враќањето од импровизираната работна посета на Париз.

Кајли Џеенер изгради козметичка империја која постојано ја надградува со нови палети и производи, и сосема е нормално да чувствува благодарност за своите фанови.

 

23-годишната мејкап магнатка повторно доживеа успех со промоцијата на новата колекција „Морнар“ од нејзиниот бренд „Кајли козметика“, која се појави на веб-страницата на брендот на 31 август.

Иако производите сè уште не се на продажба, што е често вообичаено ден по лансирањето, Кајли се појави на Инстаграм страницата на „Кајли козметика“ за да им се заблагодари на нејзините купувачи за нивната деловна активност и да ги охрабри луѓето, особено жените, да споделуваат свои фотографии со мејкап.

„Ви благодарам на љубовта за колекцијата Морнар. Едвај чекам да ги видам вашите фотографии!“ Напиша Кајли на објавата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кинески хороскоп за август 2024 година: Проверете ги вашите астролошки предвидувања

Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сè е моја Албанија – Бебе Раџа со скандалозна изјава од Македонија

Српскиот пејач Аца Лукас завршил на ургентен во Белград