Утрински Весник
Свет

Турција со критики за укинувањето на ембаргото од САД за оружје за кипарските Грци

Турција со критики за укинувањето на ембаргото од САД за оружје за кипарските Грци

Одлуката на САД делумно да го укинат ембаргото за оружје за кипарските Грци, со што ги загрозува надежите за мир во Источниот Медитеран, е некомпактибилна со духот на сојузништвото, пишува „Анадолија“.

„Одлуката ги игнорира рамноправноста и рамнотежата меѓу двата народа на островот. Ова дефинитивно ќе ги наруши напорите за решавање на кипарското прашање“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Министерството нагласи дека во време на постојани напори за намалување на тензиите во Источниот Медитеран, таквата одлука донесена од САД е некомпатибилна со духот на сојузот.

„Очекуваме САД да ја преиспитаат својата одлука и да ги поддржат постојните напори за воспоставување мир и стабилност во регионот“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, во серија твитови, потпретседателот на Турција, Фуат Октај, исто така го критикуваше потегот на САД.

„Ние како Турција ќе продолжиме да преземаме чекори за да гарантираме мир и просперитет против ваквиот пристап што ќе го зголеми ризикот од конфликт во регионот“, напиша Октај.

Турција, како земја гарант за Кипар, одлучно ќе ги преземе неопходните чекори за гарантирање на безбедноста на кипарските Турци во согласност со нејзината законска и историска одговорност, велат од Министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија, Иран и Турција го осудија нападот врз лидерот на Хамас: „Тоа ќе доведе до нова ескалација на тензиите“

Британската полиција соопшти дека 22 полицајци се повредени во немири во Саутпорт, по крвавиот напад врз деца во градот

ИДФ: Во нападот во Бејрут е убиен воен командант на Хезболах