Утрински Весник
Македонија

Двајца починати и 145 нови случаи на Kовид-19 во земјава

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-15, Дебар-5, Штип-8, Прилеп-8, Тетово-9, Струга-4, Велес-2, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Пехчево-5, Берово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-4, Кичево-6 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент од: Скопје-55, Куманово-31, Дебар-4, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-14, Струга-10, Велес-2, Битола-5, Кавадарци-6, Гостивар-39, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-3, Делчево-3, Свети Николе-4, Кичево-10.

Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67 години) и Струга (48 години).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5967, активни 757
• Куманово 1498, активни 300
• Дебар 257, активни 56
• Штип 1156, активни 114
• Прилеп 486, активни 125
• Тетово 1223, активни 114
• Струга 579, активни 57
• Велес 272, активни 29
• Битола 211, активни 36
• Охрид 345, активни 39
• Кавадарци 184, активни 52
• Гостивар 805, активни 174
• Гевгелија 53, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 70, активни 19
• Крива Паланка 50, активни 14
• Радовиш 43, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 149, активни 23
• Пробиштип 84, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 10
• Македонски Брод 72, активни 12
• Пехчево 24, активни 18
• Берово 61, активни 50
• Валандово 9, активни 2
• Виница 76, активни 35
• Делчево 69, активни 57 (16 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 3
• Свети Николе 294, активни 46
• Кичево 275, активни 49
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 46, активни 12 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1772 теста се преку: ИЈЗ-506, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-287, Биотек-203, МАНУ -74, Жан Митрев (Филип Втори)-272, Систина со PCR метода -245, лабораторија Лаор –59, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-94, Инфективна клиника-4, ГАК-11, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на Kовид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 94
• Гази Баба – 87
• Аеродром – 94
• Карпош – 81
• Центар – 83
• Кисела Вода – 91
• Ѓорче Петров – 44
• Бутел – 53
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 9

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ