Утрински Весник
Македонија

Поведена истрага за бесправно градење објект пред ТЦ „Мавровка“

Поведена истрага за бесправно градење објект пред ТЦ „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.

Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​“, соопшти обвинителството.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите