Утрински Весник
Свет

Член на турска моторџиска банда осомничен за напад со граната во Германија во 2016 година

Член на турска моторџиска банда осомничен за напад со граната во Германија во 2016 година

Поранешниот претседател на забранетата моторџиска банда „Османен Германија“, во која членуваат моторџии со турско потекло, е обвинет дека е мозокот зад нападот со граната врз наргиле-бар во Германија, пренесува „Билд“.

Галифет В., 31, во понеделникот беше изведен пред судот во Сарбрикен за да одговори на обвинувањата дека го организирал нападот во градот во август 2016 година. Се верува дека инцидентот е поврзан со војната на бандите меѓу „Османен“ и курдската банда „Бахоз“.

Иако „Османен“ имаат врски со турските националистички „Сиви волци“ и имаат многу членови од турско потекло, се вели дека Галифет В. дошол во Германија од Конго.

Обвинителите тврдат дека двајца членови на моторџиската банда „Османен“ од Хесе го извршиле нападот со граната. Прислушуваните телефонски податоци, вклучително и разговори на WhatsApp, откриваат разговори меѓу Галифет и глобалниот претседател на „Османен“, и се доставени како докази во случајот.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, изјави дека моторџиската банда „Османен Германија“, забранета во 2018 година, стои зад повеќе сериозни злосторства. Поради своите врски со „Сивите волци“ и со партијата АКП на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, групата е обвинета и за таргетирање на политичките противници на Ердоган во Германија.

„Сивите волци“ во Германија се во постојан судир со курдските групи во последните неколку години. Многу курдски групи ја поддржуваат терористичката Курдиската работничка партија (ПКК), која е исто така сојузник на екстремно левичарското движење Антифа. Последниот судир меѓу двете групи се случи во соседна Австрија, во Виена, во јуни.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го осуди насилството, повикувајќи ја на одговорност турската влада, велејќи дека „мора да се стави крај на обидот на Турција да влијае на луѓето во Австрија и да ги инструментализира за своите конфликти“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија