Утрински Весник
Македонија

Претреси во Арачиново, пронајдена дрога

Претреси во Арачиново, пронајдена дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана.

По претходно добиени оперативни информации и добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории на Б.А. (33) од село Арачиново. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична