Утрински Весник
Македонија

Маж влезе меѓу разурнатите столбови за време уривањето на објектот

Маж влезе меѓу разурнатите столбови за време уривањето на објектот

Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред Мавровка за време на уривањето. Тој успеа да влезе во карабината, зема парче од урнатиот столб, кога полицијата го фати и го истурка надвор.

Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа.

Во меѓувреме застана со работа и багерот кој урива.

„Човекот не е ментално добар“, рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.

Полицијата е распоредена секаде околу објектот којшто се урива и не дозволува никој да помине.

За време на уривањето, за првпат јавно се појави и сопственикот Мевљудин Алити кој тврди дека ги има сите одобренија за градење со платени давачки и комуналии, и најави тужба во Стразбур.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“