Утрински Весник
Свет

Некои руски наставници одбиваат да примат вакцина против коронавирусот од безбедносни причини

Некои руски наставници одбиваат да примат вакцина против коронавирусот од безбедносни причини

Со почетокот на новата учебна година во Русија, властите ветија дека ќе им овозможат на лекарите, учителите и наставниците да бидат меѓу првите што ќе ја примат новата руска вакцина против коронавирус, наречена Спутник V.

Некои наставници немаат проблем да примат вакцина која не ја поминала третата фаза на клинички испитувања, додека други се загрижени поради несаканите ефекти и ефикасноста и немаат намера да се вакцинираат, пишува „Си-eн-eн“.

Руски синдикат на наставници покрена онлајн петиција со која се повикуваат членовите да одбијат вакцинација против Ковид-19 од безбедносни причини. Исто така, нагласува колку е важно вакцинацијата да остане на доброволна основа во оваа фаза и да не стане задолжителна; барем додека не завршат целосно клиничките испитувања.

„Додека не завршат сите клинички тестови, не можат да воведат задолжителна вакцинација“, рече Јуриј Варламов, наставник од синдикатот „Учител“.

„Но, јас знам дека во некои училишта се зборува за задолжителна вакцинација до крајот на оваа година. Ова е политичка одлука“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година