Основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Х“ , Илон Маск, го надмина по богатство сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг и стана трет најбогат човек во светот.
Маск сега има 115 милијарди долари, а Цукерберг има 4 милијарди долари помалку.
Она што е уште поинтересно е дека Маск го надмина Џеф Безос по растот на богатството во оваа година, пренесува „Бизнисинфо“.
Маск заработил 87,8 милијарди долари од почетокот на оваа година, додека Безос го зголемил своето богатство за 87,6 милијарди долари.
Безос и натаму е најбогат човек во светот со 202 милијарди долари, но брзината со која расте богатството на Маск е шокантна. Растот на неговото богатство е последица на растот на акциите на „Тесла“.