Утрински Весник
Свет

Гренел: Никој не знае што ќе се случи на разговорите Белград – Приштина

Гренел: Никој не знае што ќе се случи на разговорите Белград – Приштина

Специјалниот советник на американскиот претседател Ричард Гренел изјави дека само економските прашања ќе бидат „на маса“ во Вашингтон во четврток.

Но, тој не ја исклучува можноста и други прашања да бидат покренати подоцна во разговорите. Како што јавува Танјуг, Гренел рекол дека се согласува со изјавата на претседателот Вучиќ дека никој не знае за кои прашања ќе се разговара во петок и што ќе се случи во понеделник.

„Во четврток, на маса ќе има исклучиво економски прашања, и јас се согласувам со изјавата на претседателот Вучиќ дека никој не знае за кои прашања ќе се дискутира во петок“, рекол Гренел во разговор со група новинари од албанските медиуми, „Вашингтон пост“ и „Танјуг“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“