Утрински Весник
Спорт

Интер не се вклучени во „трката“ по Меси

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Dik 300x250 mk

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио открива дека „нераѕурите“ и покрај сите шпекулации не се во игра за трансфер на Лионел Меси во Серија А и покрај нескриената желба која во клубот неколку патија ја искажаа за аргентинската легенда.

Меси преку своите адвокати веќе посочи дека не се чувствува како фудбалер на Барселона, ставајќи ги на „штрек“ финансиски моќните клубови, во прв план Манчестер сити и Пари Сен-Жермен, но и Интер и Јувентус.

„Нема ништо околу Меси, не знам од каде доаѓаат овие шпекулации. Секако, не постои никој во светот на фудбалот кој не би го сакал Меси, но тука е и реалноста и фактите“, вели Аузилио во интервју за „Скај спорт Италија“.

Од друга страна, Аузилио тврди дека клубот во ниту еден момент не планирал да го продаде 22-годишниот Лаутаро Мартинез и не влегол во преговори со Барселона.

„Нема почнати преговори за Лаутаро Мартинез и во вистинскиот свет, ништо не се случило. Никогаш не сме започнале, постои клаузула и тоа е тоа“, вели Аузилио.

> Интер не се вклучени во „трката“ по Меси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата