Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан за првпат татко

Ед Ширан за првпат татко
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ед Ширан ја откри радоста на татковството за првпат.

Британскиот пејач, кој првпат се прослави со мега-хитот Thinking Out Loud, го објави доаѓањето на овој свет на ќерката Лира Антарктика Сиборн Ширан, од бракот со сопругата Чери.

Појавувајќи се на Инстаграм пред неколку часа, популарниот хитмејкер напиша: „Здраво! Брза порака од мене бидејќи имам некои лични вести што сакав да ги споделам со вас.

„Минатата недела, со помош на неверојатен медициски тим , Чери ја роди нашата прекрасна и здрава ќерка – Лира Антарктика Сиборн Ширан. Ние сме целосно вљубени во неа. И мајката и бебето се добро и ние овде сме на деветти облак. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност во овој момент. Многу љубов и ќе се видиме кога ќе дојде време да се вратам, Ед.“

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година