Утрински Весник
Спорт

Димитриевски ги пропушта дуелите со Ерменија и Грузија

Димитриевски ги пропушта дуелите со Ерменија и Грузија

Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски е позитивен на вирусот „Ковид-19“ и нема да допатува во Скопје за подготовките на А репрезентацијата за натпреварите против Ерменија и Грузија.

Во текот на вчерашниот ден голманot ги добил резултатите од тестирањето кој за жал, покажале присуство на вирусот Ковид-19.

Селекторот на репрезентацијаta, Игор Ангеловски дополнително ќе информира дали ќе повика нов голман во репрезентацијата за овие дуели.

Исто така, поради повреда на предната ложа подготовките на селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски.

Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија.

фото/ffm.mk

> Димитриевски ги пропушта дуелите со Ерменија и Грузија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027