Утрински Весник
Македонија

Заев: Владата побара да се ангажира механизација за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“

(Видео) Заев: Сите критики демократски ги прифативме, судството ќе го реформираме во следниот мандат

Владата на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на…

Posted by Zoran Zaev on Вторник, 01 септември 2020

„Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти, напиша Заев.

Премиерот дополнува дека по исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од седум дена, се задолжени да подготват и до Владата да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда